18,6% ЗА ВМРО-ДПМНЕ СПРЕМА 9,4% ЗА СДСМ Нова анкета покажува двојно поголем рејтинг на најголемата опозициска партија
Според регионите, убедлива е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во источниот и во вардарскиот регион, но не и во полошкиот регион. Гласачкото тело на Левица е главно концентрирано во Скопје, вели истражувањето на МКД.
Речиси 60 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока. Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии (61,2%).
Резултатот на ова е двојната предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, сo 18,6% спрема 9,4%, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.