17, 2 милиони евра ќе добијат 400 компании во третиот пакет мерки

229
Вкупно 17, 2 милиони евра, средства кои се дел од третиот пакет мерки, наменети за опоравување на домашната економија за време на здравствено-економската криза ќе ги добијат 400 компании, со цел амортизирање на ударот врз домашните погодени бизниси преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда, директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и работните места, одлучи Владата на седница синоќа.
Висината на финансиската поддршка е 25 % од реализираната инвестиција според инвестицискиот план. Според одлуката, помош од 40.000 евра во денарска противвредност, ќе има за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, не повисок од 1.000.000 евра во денарска противвредност.

Помош од 100.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 1.000.001 евра до 10.000.000. евра во денарска противвредност.

Помош од 140.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход
во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра во денарска противвредност.

Помош од 200.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 10.000.001 евра, повеќе од 50.000.000 евра во денарска противвредност.

Детални информации за доделувањето на финансиската помош ќе бидат презентирани во јавноста од претставници на Владата во наредните денови.

Поврзани содржини