16 ЛИЦА ПОБАРАЛЕ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ПО ПОЖАРОТ ВО МАКПРОГРЕС Состојбата им е стабилна, дел се пренесени во Кочани и во Скопје

Според информациите од Здравствен дом Виница помош побарале 16 лица, дел од повредените се пренесени во Здравствен дом во Кочани, додека оние коишто имаат вдишано чад се пренесени во Клинички центар во Скопје. Здравствената состојба им е добра, изјави градоначалникот на Виница. Информацијата ја потврди и раководителот на анестезиологија во болницата во Кочани, велејќи деа 6 лица, затруени со час се препратени во Скопје.

228

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, вели за МИА градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков. Тој посочува дека овие информации ги има добиени од ЈЗУ Здравствен дом Виница, а повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката.

– Според информациите од Здравствен дом Виница помош побарале 16 лица, дел од повредените се пренесени во Здравствен дом во Кочани, додека оние коишто имаат вдишано чад се пренесени во Клинички центар во Скопје. Здравствената состојба им е добра – вели Петков.






Тој посочува дека пожарот во магацините на фарбиката Макпрогрес е локализиран, а опожарени се 3 погони и магацин на површина од околу 5.000 квадратни метри.

Градоначалникот на Општина Виница Петков вели дека во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари и доброволци од Виница, Кочани, Штип, Македонска Каменица, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип, Свети Николе, Радовиш и од Велес.

Оливера Цимбаљевиќ, раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница за МИА изјави:

– Петмина од лица кои побарале помош се наоѓаат на хирургија, од нив четворица се со изгореници на нозете од прв и втор степен. Петтиот што е задржан на хируруршкото одделение е со инхалациони (токсиколошки) повреди. Други петмина повредени во пожарот во „Макпрогрес“ се згрижени на интерното одделение во Општата болница во Кочани. Сите се со инхалациони повреди (вдишување чад), односно со токсиколошки наод. Шест други лица веднаш се препратени на Клиника во Скопје, сите затруени со чад од огнот. Преостанатите заминале после укажаната лекарска интервенција.

Сите примени во Болницата во Кочани се во стабилна состојба, потенцира д -р Цимбаљевиќ.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони  6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница беа вклучени и против пожарните единици од неколку соседни општини.

Директорот на Дирекцијата за спасување Стојанче Ангелов вчера информираше дека неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата, откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса.

Поврзани содржини