15-ГОДИШНИК СО „АПРИЛИЈА“ УДРИЛ МАЛОЛЕТНИК, ПА ПОБЕГНАЛ Три лица се тешко повредени во сообраќајки во Гостиварско, Битолско и во Виничко

Во трите одделни несреќи тешко се повредени малолетен пешак, мотоциклист и млада сопатничка, сите хоспитализирани со сериозни телесни повреди.

465

Во текот на 1 и 2 мај, на македонските патишта се случиле неколку сообраќајни несреќи кои завршиле со тешки телесни повреди.

Повредени се малолетен пешак, мотоциклист и млада сопатничка во автомобил, а во еден од случаите возачот избегал од местото на несреќата.






Малолетник удрен од мопед, возачот побегнал

На 1 мај во 20:10 часот, во с. Блатец, Виничко, 15-годишник со мопед „априлија“ без регистарски таблици удрил малолетен пешак од Куманово, а потоа го напуштил местото на настанот.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Виница.

Излетало „бмв“ во Гостиварско

На 2 мај во 02:25 часот, на пат во с. Чајле, Гостиварско, патничко возило „бмв“ со гостиварски таблици, управувано од Д.А.Б. (21) – државјанин на Турција со привремено живеалиште во Гостивар – излетало од патот.

Сопатничката Б.А. (22) од Турција се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во МЦ Гостивар.

Судир меѓу мотоцикл и „шкода“ во Битолско

На 1 мај во 18 часот, во с. Долно Српци, Битолско, се случила несреќа меѓу „шкода“ со битолски таблици, управувана од П.А. (22), и мотоцикл „јамаха“ без таблици, управуван од Т.Р. (21). Мотоциклистот е тешко повреден и пренесен во Клиничката болница Битола.

Увид извршиле јавен обвинител и полицијата.

Поврзани содржини