14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД МАКЕДОНИЈА СИЛУВАНО ВО ПЕЌ Полицијата уапси 36-годишен Косовец
Косовското обвинителство води истрага против 36-годишник од Пеќ, осомничен за силување на 14-годишно девојче од Македонија во напуштена куќа.
Маж од косовскиот град Пеќ е во притвор откако пред три дена беше уапсен под сомнение дека силувал 14-годишно девојче од Македонија.
Осомничениот, на возраст од 36 години, бил уапсен за време на викендот, откако полицијата открила траги кои воделе до него, а покрај тоа и сведочењето на девојчето било клучно за апсењето, пренесуваат косовските медиуми.
Жртвата и нејзината мајка го пријавиле случајот во полиција, а девојчето во детали им раскажало на истражителите за нападот, кој се случил во напуштена куќа во Пеќ. Според сведоштвото, осомничениот ја принудил на сексуален однос.
Од Основното обвинителство во Пеќ соопштија дека истрагата е во тек. Доколку биде обвинет и осуден, според косовските закони, на осомничениот му се заканува затворска казна до десет години.