106 ПРИЧИНИ ЗОШТО НОВАК БЕШЕ ДЕПОРТИРАН Судот конечно го објави документот
Документот сугерира дека главната причина за депортација е што Новак излегол во јавност со позитивен тест, што е лош пример за граѓаните на Австралија, смета министерот за имиграција Алекс Хок. Ѓоковиќ, всушност, ги известил надлежните дека е позитивен за да медицински биде изеемен од обврската да се вакцинира и така што добие виза за Австралија, но веќе наредниот ден направил интервју со „Л’Eкип“ и делел трофеи на деца во Белград, наместо да седи во изолација.
Сто и шест причини за депортирањето на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ наведе Сојузниот суд на Австралија во новообјавениот документ за конечната пресуда. Документот ги опишува сите негови контроверзни постапки од кога го добил позитивниот тест на 16-ти декември, неговото соочување со царинската полиција, првата позитивна пресуда и практично целата приказна, а наведени се и членови од австралискиот закон.
Документот сугерира дека главната причина за депортација е што Новак излегол во јавност со позитивен тест, што е лош пример за граѓаните на Австралија, смета министерот за имиграција Алекс Хок. Ѓоковиќ, всушност, ги известил надлежните дека е позитивен за медицински да биде изеемен од обврската да се вакцинира и така да добие виза за Австралија, но веќе наредниот ден направил интервју со „Л’Eкип“ и делел трофеи на деца во Белград, наместо да седи во изолација.
Целата мешаница траеше 11 дена, а Ѓоковиќ, кој прво доби позитивна пресуда од Федералниот суд реши да го одржи првиот тренинг и беше пуштен од притвор за неколку дена подоцна да му следат две рочишта на Сојузниот суд на кои беше пресудено да ја напушти земјата. Во меѓувреме многу негови колеги тенисери му дадоа поддршка, а неговиот конкурент Зверев отворено призна дека меѓу тенисерите на Австралија Опен можно е да има и други позитивни, но дека нив не ги тестираат со ПЦР-тест, односно дека играчите имаат обврска да прават само брз антигенски тест еднаш дневно.
Покрај огрмоната поддршка низ целиот свет со негативен коментар се јави познатиот судија Дерен Кејхил кој вели дека спортистите кои намерно не сакаат да се вакцинираат не треба да бидат изземени и дека Австралиската тениска федереација направила грешка што за доаѓањето на Ѓоковиќ.