1.800 ЕВРА КАЗНА ЗА ИСЕЧЕНОТО ДРВО ПОРАДИ БИЛБОРД НА ПОЛИТИЧАР Општината Кисела Вода немала дозвола од скопските власти

„Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира“, се вели во соопштението од Град Скопје. 

789

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски.

Дрвото било исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.






„Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Плусинфо претходно објави дека скопјанец на Твитер постави видео од Кисела Вода на кое се гледа како надлежните сечат младо дрво затоа што не можело да се гледа билбордот на кој е закачена фотографија од актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат од СДСМ, Филип Темелковски.

Видеото поттикна многу реакции и коментари со осуда на постапката, но и прашања од скопјани вчудоневидени од глетката: „Скопје што ти направија овие?!“

Поврзани содржини
na