ЗСО НЕМА ДА ЗНАЧИ АВТОНОМИЈА ТУКУ САМОУПРАВА Курти тврди дека Уставот на Косово нема да биде скршен

Ниво на самоуправување, без загрозување на уставниот поредок на Косово, истакнува Курти и посочи дека има неколку предлози, но, како што тврди, другата страна се заканила со прекин на разговорите.

494

Заедница на српски општини(ЗСО) на Косово ќе има само на ниво на самоуправа, a не на ниво на автономија, смета косовскиот премиер Албин Курти, според кого во членот 7 од договорот постигнат во Охрид се зборува за служби, а не за структури, пренесува Н1.

– Ниво на самоуправување, без загрозување на уставниот поредок на Косово – истакнува Курти и посочи дека има неколку предлози, но, како што тврди, другата страна се заканила со прекин на разговорите.






Исто така, Курти напомена дека во членот 10 од европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, се вели дека двете страни потврдуваат дека мора да се применат сите досегашни договори.

– Затоа, има 39 договори кои мора да се спроведат – рече Курти.

Иако договорот меѓу Србија и Косово во Охрид не беше потпишан, високи функциониери од ЕУ изјавија дека ќе го сметаат за потпишан и ќе ја бараат неговата имплементација.

НЕ Е ИСТО „ЗСО“ И „САМОУПРАВА ЗА СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА“ Познатиот професор открива дека Вучиќ и Курти допрва ќе ги одмеруваат деталите во договорот

 

Поврзани содржини