Зошто во Северна Кореја нема корона?

Истражувачот од Универзитетот Кукмин во Сеул, Фјодор Тертискиј, додава дека во Северна Кореја во моментов се одвива пропагандна кампања преку која луѓето учат како да го спречат ширењето на коронавирусот. 

3,990

Официјалните податоци покажуваат дека во Северна Кореја не е регистриран ниту еден случај на коронавирусот кој ја парализираше целата планета. Со оглед на тоа што оваа земја граничи со Кина и со Јужна Кореја, автоматски се наметнува прашањето како е тоа можно.

Бројот на заразени луѓе со коронавирусот во светот е нешто повеќе од 1.3 милиони, а животот го загубија околу 75.000 луѓе од вкупно 209 држави. Меѓутоа, Северна Кореја не е една од нив, барем ако може да му се верува на Пак Мјонг Су, кој е на чело на севернокорејскиот Централен антиепидемиски кризен штаб.






– Ниту еден човек не е инфициран со новиот коронавирус во нашата земја. Спроведовме превентивни мерки и карантин за сите луѓе кои влегоа во земјава. Темелно ги дезинфициравме улиците и ги затворивме границите – рекол Су.

Од друга страна, многумина не веруваат во неговото тврдење, а меѓу нив е и американскиот генерал Роберт Абрамс, командант на американските воени сили во Јужна Кореја.

– Можам да ви кажам дека тоа не е возможно – рекол Абрамс во интервју за Си-Ен-Ен и Гласот на Америка.

Вистина е дека Северна Кореја реагираше на опасноста многу побрзо од останатите земји и таа беше првата држава која ги затвори границите уште во јануари, а стотиците странци кои се нашле во тој момент во Пјонгјанг останаа во карантин. Како што пишува американскиот портал „NK News“, кој известува за Северна Кореја, во изолација се сместени околу 10.000 луѓе.

– Малку веројатно е дека нема заразени во Северна Кореја, бидејќи оваа држава граничи со Кина и со Јужна Кореја. Со оглед на прекограничната трговија и економската врска со Кина, не гледам како е можно да биде спречен ковид-19 да навлезе и во оваа територија – објаснува Оливер Хотам, уредник на порталот.

Тој додава дека жителите на оваа земја се свесни за тоа што се случува во светот.

– Ги следат медиумите. Скоро секој ден во весниците има цела страница за земјите кои се зафатени од епидемијата – раскажува тој.

Истражувачот од Универзитетот Кукмин во Сеул, Фјодор Тертискиј, додава дека во Северна Кореја во моментов се одвива пропагандна кампања преку која луѓето учат како да го спречат ширењето на коронавирусот.

Тој тврди дека здравствениот систем на оваа земја е многу поквалитен отколку што западњаците веруваат.

– Тие го направија следното: подготвија огромен број лекари, кои иако се помалку квалификувани и бескрајно помалку платени од нивните колеги на Запад, можат да овозможат основна здравствена нега за жителите – вели Тертискиј.

Поврзани содржини