Зошто Твитер вели дека авторката на „Хари Потер“ е мртва

426

.Џ К. Роулинг, авторката на „Хари Потер“, вчера ја објави својата нова книга „Проблематична крв“ (Troubled Blood), поради што Твитер го покрена виралниот хаштаг #RIPJKRowling – наведувајќи дека на нејзината кариера ѝ дошол крајот.

„Во спомен на Џ. К. Роулинг. Таа не е мртва, но ја уби сопствената кариера гордо мразејќи транс-луѓе, па секако на никој навистина не би му недостигала“, напишал еден корисник на Твитер.






Овој коментар се однесува на претходно проблематичните твитови на Џ. К. Роулинг, но и на темата на новата книга – ловец на убиец на трансродови лица.

„Романот ја следи истрагата за незавршениот случај – исчезнувањето на Г. П. Маргот Бамбороу во 1974 година, за која се верува дека била жртва на Денис Крид, сериски убиец на транвестити“, напишал британски „Телеграф“ во рецензијата на романот. „Човек се прашува што критичарите мислат за ставовите на авторката за транс – прашањата за книгата чија порака е: Никогаш не верувајте на човек во фустан.“

Виралниот хаштаг за помалку од 12 часа собра речиси милион твитови.

Поврзани содржини