ЗОШТО ТРЕБА ДА ГИ ЈАДЕТЕ СЕКОЈ ДЕН? Мандарини за имунитет, за слабеење и подобро расположение
Додека трае сезоната на мандарини, се препорачува ова овошје да се јаде често, бидејќи е богато со витамин Ц, го штити имунитетот за време на студената сезона, ни помага да ја одржиме витката линија...
Сезоната на мандарини почна, па лекарите и познавачите советуваат ова вкусно овошје да се јаде секој ден.
Има повеќе причини зошто треба максимално да ја искористите сезоната на мандарините, односно, да ги јадете секој ден.
Тие се богати со витамин Ц, го штитат имунитетот за време на студената сезона и ни помагаат да ја одржиме витката линија. Да не споменуваме колку се вкусни и полесни за лупење од портокалите.
1. Мандарини за витка линија
Како идеална храна за зајакнување на имунитетот и за витка линија, се препорачува и мандарината, која по состав е слична на портокалите: богата е со витамини Ц и А, фолна киселина и калиум, а има и витамини од групата Б, магнезиум, цинк, бакар и железо.
2. Го намалуваат лошиот холестерол
Истражувањата покажаа дека кората од мандарина содржи хранливи материи кои го намалуваат „лошиот холестерол“.
3. Спречуваат дебелеење
Хранливите материи скриени во мандарините спречуваат дебелина, нудат заштита од дијабетес тип 2 и атеросклероза. Ова се болести кои се одговорни за појавата на срцеви, но и мозочни удари.
4. Идеални се за подготовка на оброци
Мандарината е храна што можете да ја користите во разни јадења, особено во свежи овошни салати. Можете да користите сок од мандарина во подготовка на јадења со тестенини, како и при подготовка на колачи. Исто така, можете да користите сок од мандарина и во подготовката на јадења со пилешко или риба.
5. Корисни се и за кожата
Со мандарина може да направите и маска за лице за поздрава и посјајна кожа. Земете 4 парчиња мандарина, извадете ги семките и измешајте ги во блендер со лажица јогурт и лажица мед. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 10 до 20 минути. Измијте го лицето добро, а маската можете да ја користите двапати неделно ако имате мрсна кожа и еднаш неделно ако имате сува и нормална кожа.
6. Го подобруваат расположението
Верувале или не, мандарините можат да го подобрат вашето расположение. Мирисот на мандарина помага при стрес и депресија. Ако имате лош ден и сакате да се чувствувате порелаксирано, пробајте со мандарини!
7. Потешките мандарини се подобри
Кога купувате мандарини, изберете ги потешките бидејќи тие содржат повеќе вода и сок. За да избегнете губење на вредни хранливи материи, чувајте ги мандарините подалеку од директна светлина. Консумирајте ги во рок од седум дена по купувањето.
Фото: Pixabay