ЗОШТО СОНУВАМЕ ЕДЕН ИСТ СОН Две третини од луѓето имаат соништа кои се повторуваат
Некој нè брка, се наоѓаме голи на јавно место или среде природна катастрофа, изгубивме заб или закаснивме на предавањето, најтипичните сценарија кои се повторуваат во соништата.
Сонувањето на ист сон одново и одново е добро познат феномен и речиси две третини од луѓето изјавуваат дека имаат соништа што се повторуваат.
Науката на соништата вели дека соништата кои се повторуваат може да се рефлексија на нерешените проблеми во животот, но можат да имаат и физиолошка причина, пренесува српскиот Нешeнл Географик.
Некој нè брка, се наоѓаме голи на јавно место или среде природна катастрофа, изгубивме заб или задоцнивме на предавањето, тоа се најтипичните сценарија кои се повторуваат во соништата.
Соништата најчесто се повторуваат кај лица кои се под постојан стрес, а тоа може да трае одреден период, но некогаш и со години. Овие соништа не само што ги имаат истите теми, туку во нив, ноќ по ноќ, може да се повтори и целосно иста нарација.
Иако точната содржина на соништата што се повторуваат е единствена и уникатна за секој еден поединец на кој ова му се случува, постојат заеднички теми што важат за сите, дури и за оние кои се појавуваат во одредени култури. На пример, брзање, паѓање, неподготвеност за испитот кој следи, задоцнување, неуспешен обид да се направи нешто, се најчестите сценарија.
Повеќето вакви соништа имаат негативна содржина, односно во соништата се вклучени страв, лутина, вина, ситуации во кои оној што ги доживува се чувствува дека е во опасност.
Но, се случува темите да бидат и ведри, позитивни и еуфорични, како што се соништата во кои откриваме нови простории во нашата куќа, еротски соништа или соништа во кои летаме.
Во некои случаи, соништата кои започнуваат да се повторуваат уште од детството, можат да траат до зрелоста. Овие соништа можат да исчезнат неколку години, па повторно да се вратат при изложеност на стрес, а по некое време повторно да исчезнат.
Нерешени конфликти
Истражувањата покажуваат дека соништата генерално ни помагаат при регулирање на емоциите и прилагодување на стресни настани. Присуството на соништа што се повторуваат е исто така поврзано со пониски нивоа на ментална стабилност и присуство на симптоми на анксиозност и депресија. Овие соништа имаат тенденција да се повторуваат за време на стресни ситуации и престануваат кога едно лице ќе го реши својот внатрешен конфликт, што укажува на подобрување на менталната состојба.
Ваквите соништа често метафорички го одразуваат емоционалното „полнење“ на сонувачот. На пример, сонот за паѓање во виорот на бурата обично се појавува кај луѓето по некоја траума или злоупотреба. Тоа е типичен пример за метафора што може да претставува емоции на беспомошност, паника или страв, доживеани во реалниот живот, објави Сајнс Алерт.
Континуитет на повторување
Вилијам Домхоф, американски психолог, го претстави концептот на континуитет на повторување во соништата. Во екстремни случаи, трауматските кошмари, директно ја репродуцираат траумата која се доживеала, што е еден од главните симптоми на посттрауматски стрес.
Потоа, се појавуваат соништа во кои истата содржина се репродуцира делумно или целосно. За разлика од трауматичните соништа, кај таквите соништа ретко се повторуваат настан или конфликт од реалниот живот, но метафорично го одразуваат на некаков начин во сонот.
Следно, по континуитетот се теми што се повторуваат во соништата. Овие соништа имаат тенденција да повторуваат слична ситуација, како што се одложување, прогон или загуба, но точната содржина варира од време на време, како на пример да задоцни возот, наместо да задоцните на испитот.
Физиолошки причини
Зошто темите на соништата можат да се исти за различни луѓе?
Едно од можните одговори на ова прашање е дека некои од овие сценарија, се сочувани во текот на еволуцијата. Со стимулација дека некој во сонот не гони, ни се пружа простор да вежбаме внимателност и бегство од предатор во сонот.
Некои вообичаени теми може делумно да се објаснат со физиолошки феномени што се јавуваат за време на спиењето.
Истражувањето на научниот тим од Израел во 2018 година откри дека сонот каде што губиме заби не е конкретно поврзан со симптомите на анксиозност, туку е поврзан со стегање на забите за време на спиењето или непријатност во забите по будењето, објави РТС.
Некои автори наведуваат дека соништата каде што паѓаме или летаме се предизвикани од нашиот вестибуларен апарат, кој е задолжен за одржување рамнотежа и може спонтано да се активира за време на РЕМ фазата на спиење.
Се разбира, овие нешта не се доволни за да се објасни повторувањето на ваквите соништа кај некои луѓе и нивното ненадејно појавување на повторувачки соништа во време на стрес, но веројатно играат значајна улога за нивна појава.
Кошмари
Луѓето кои постојано имаат повторување на истиот кошмар, веројатно се на некој начин заглавени во начинот на кој ги прифаќаат ваквите соништа и стравот од повторно појавување. Развиени се терапевтски методи, така што сонувачот може да го прекине овој маѓепсан круг на кошмари.
Луцидното сонување исто така може да биде решение. Потоа стануваме свесни дека сонуваме и понекогаш можеме да влијаеме врз содржината на сонот. Ако станеме луцидни во сон што се повторува, тоа може да ни овозможи различно да размислуваме или да реагираме на сонот и со тоа да ја смениме неговата повторувачка природа.