ЗОШТО СЕ ЗАКАНУВА АХМЕТИ АКО Е УВЕРЕН ДЕКА НЕГОВИТЕ НЕ СЕ ВИНОВНИ? Ковачки вели дека правдата не смее да се уценува

Зошто би му пречела истрагата ако е уверен дека неговите не се виновни? И конечно – зошто пратеникот Али Ахмети ја доведува во корелација одлуката на Јавното обвинителство со предвремени избори? Што се смени за една година во односот на пратеникот Ахмети кон ЈО Коцевски кому со лично гласање му даде поддршка за избор за Јавен обвинител?“, реагира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека да се повикува на предвремени избори заради покрената истрага за трагедија од таков размер „не е ништо друго освен бегање од одговорност“.

585

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го има легитимното право да протестира, но опасно е да се заканува дека нема да се врати од улица затоа што екс-министер, потенцијално одговорен за смртта на 62 лица, ќе биде обвинет, реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на заканите кои ги упати лидерот на ДУИ дека доколку екс-министерот Крешник Бектеши од ДУИ биде обвинет „враќање од улица нема да има“.

Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ прашува што е тоа што го тера Ахмети, како што вели, да се плаши од вистината.






„Зошто би му пречела истрагата ако е уверен дека неговите не се виновни? И конечно – зошто пратеникот Ахмети ја доведува во корелација одлуката на Јавното обвинителство со предвремени избори? Што се смени за една година во односот на пратеникот Ахмети кон ЈО Коцевски кому со лично гласање му даде поддршка за избор за Јавен обвинител?“, реагира Ковачки порачувајќи дека да се повикува на предвремени избори заради покрената истрага за трагедија од таков размер „не е ништо друго освен бегање од одговорност“.

Ковачки потсетува дека нема човек во Македонија кој не сака да се расчисти случајот до последен, најситен детал и, како што вели, сите инволвирани да одговараат, без разлика на функцијата или презимето.

„Дали смееме да дозволиме Ахмети да ги користи емоциите како штит за својот сопартиец, ставајќи ја партијата над правдата?“, прашува Ковачки.

Претходно, во изјава за ТВ 24 Ахмети рече дека случајот со Бектеши е политички прогон.

– Тие (симпатизерите на ДУИ) ќе дадат и поддршка на протестите на семејствата на кои им загинаа децата во Кочани. Нема да се повлечеме додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентарни избори. Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори – гласеше изјавата на Ахмети.

 

Поврзани содржини