ЗОШТО СЕ ПОТПРЕВМЕ НА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ? Доктор Чибишев вели дека тие не се за интензивна нега на пациенти

Според докторот периодот на стивнување на пандемијата властите требало да ја искористат за обезбедување на простор за болните од ковид во болниците, а не тие да се сместуваат во модуларните болници.

3,637

Доктор Андон Чибишев сместа дека во модуларните болници не може да се пружа интензивна нега и затоа не би требало да се користат за лечење на болни од ковид-19.

Тој во изјава за ТВ Алфа прашува зошто како држава се потпревме на модуларните болници и покрај тоа што имаме одредени капацитети по инфективните одделенија, по интернистичките одделенија, каде што можевме да хоспитализираме вакви пациенти на кои им е потребна интензивна медицинска нега.






– Јас сметам дека модуларните болници не се капацитети во кои може да се пружа интензивна медицинска нега. И требаше од почетокот на пандемијата од февруари-март 2020-та до денес, имаме четири бранови, меѓу брановите кога имавме одредено смирување на епидемиолошката ситуација, требаше да мислат надлежните како да се зголемат инфраструктурно капацитетите. Како да се зголеми стручниот кадар затоа што ние немавме ни доволно инфектолози, ниту луѓе кои се оспособени да третираат такви тешки пациенти, поставени на респираторна машина –  рече Чибишев.

 

Поврзани содржини