ЗОШТО РУСИТЕ СЕКОЈ ДЕН ЈАДАТ КАША ОД ХЕЉДА? Диета со оваа намирница се препорачува и за болни од рак

Причината зошто е толку популарна е секако нејзиниот нутриционистички состав, но и фактот дека може да ја консумираат луѓе кои се интолерантни на глутен. Ви го пренесуваме и основниот рецепт за каша од хељда, по препорака на рускиот онколог Волф Ласкин

443

Хељдата е древна намирница со потекло од средна и источна Азија, но таа стана многу популарна дури во последните десет години. Најмногу се одгледува во Русија, Казахстан, Кина и источна и средна Европа.

„Кашата од хељда е наша мајка“, велат Русите. За нив, хељдата е една од главните намирници многу пред да стане популарна и кај нас.






Таа спаѓа во онаа група на намирници кои најчесто се нарекуваат псевдо-житарки или лажни житарки. Псевдо-житарките се семки кои се консумираат и подготвуваат како класични житни култури, но не се исти по состав. Иако ѝ припаѓа на истата група како пченицата, главната разлика помеѓу хељдата и пченицата е тоа што хељдата не содржи растителен протеин глутен, такашто луѓето кои се нетолерантни на глутен, најчесто го користат брашното од хељда како замена за обичното брашно.

Хељдата содржи најголемо количество растителни протеини. Рускиот онколог Волф Ласкин, лекар со речиси половина век искуство им препорачува на своите пациенти диета со хељда, дури и на оние во напредна фаза на онколошко заболување. За да се потисне процесот на карцином, вели д-р Ласкин, потребно е да се ограничи внесувањето на киселини и да се внесе одредена количина на кверцетин (биофлавоноид) во телото, што најмногу го има во хељдата и во шипката.

Диетата со хељда на д-р Ласкин ги чисти крвните садови, односно се бори против атеросклерозата, враќајќи ја густината на крвните садови и затоа има корисен ефект и кај оние кои страдаат од атеросклероза, но и како превенција од срцев и мозочен удар.

Повеќе за ова и рецептот за кашата од хељда ќе ги најдете на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини