ЗОШТО ВАЛИЕВА НЕ ГО ДОБИ МЕДАЛОТ КОЈ ГО ЗАСЛУЖИ? Нови сплетки на Олимписките игри во Пекинг
Руската новинска агенција „Риа Новости“ се повика на информациите на порталот „Inside the games“ кој објави дека доцнењето со доделувањето на медалот е поврзано со допинг тестот на рускиот спортист пред Игрите во Пекинг. Но, прашање е дали тој воопшто ќе биде доделен.
Руската лизгачка Камила Валиева уште не го доби златниот медал за својот историски настап на Олимпијадата во Пекинг, каде успеа да направи четири вртења во еден скок во својата кореографија. Медали веројатно можно е да нема за целиот руски тим поради, како што вели Олимпискиот комитет, „правни“ прашања, пишува Блиц. Доделувањето на сите три медали во лизгање е одложено, а во тек се консултации со експерти дали ова е легално, знаејќи го фактот дека Русија е под мерки на оваа Олимпијада и не смее да настапува со своето знаме и химна.
Русија, меѓу другото, има четиригодишна забрана за учество на Олимпијади па затоа рускиот тим настапува под името РОС, а за химна беше отсвирен пијано концерт на Чајковски. Забраната беше изречена во декември 2019 година кога Светската антидопинг агенција (ВАДА) пресуди дека Русија манипулирала со податоците обезбедени од московската лабораторија.
Портпаролот на МОК, Марк Адамс, рече дека причината за одложувањето е „правната консултација“ потребна со лидерите на Меѓународната унија за лизгање. Повеќе детали не се наведени.
– Во ова се вклучени спортистите кои освоиле медали. Се чини дека сите ќе ја решиме ситуацијата што е можно поскоро. Како што знаете, правните проблеми понекогаш може да се одолговлечат – изјавил Адамс.
Руската новинска агенција „Риа Новости“ се повика на информациите на порталот „Inside the games“ кој објави дека доцнењето со доделувањето на медалот е поврзано со допинг тестот на рускиот спортист пред Игрите во Пекинг.
Портпаролката Олга Јермолина од Федерацијата за лизгање на Русија изјави дека засега немаат нови информации.