Зошто потона Титаник? Научниците имаат потполно нова теорија за една од најголемите поморски несреќи

Метеорологот и фотограф Мила Зинкова смета дека поларната светлина игра клучна улога во потонувањето на „Титаник“.

1,283

Пред повеќе од 100 години, луксузниот брод „РМС Титаник“ потона на првото патување откако се судри со санта мраз и притоа загинаа повеќе од 1.500 луѓе. Мистеријата за потонатиот брод не е разрешена до денес, а неодамна објавената студија фрла целосно ново светло на катастрофата, буквално.

Метеорологот и фотограф Мила Зинкова смета дека поларната светлина игра клучна улога во потонувањето на „Титаник“. Според сведочењето на преживеаните патници, ноќта на 15 април 1912 година, на небото заблескала зелена поларна светлина.






Научниците од американската вселенска агенција НАСА велат дека е можно поларната светлина да предизвика премногу висок напон и вибрации на бродот. Во врска со ова, научното списание „Live Science“ на својата веб-страница пишува: – Соларната бура е доволно силна за да произведе поларна светлина и може да ги наруши компасите и безжичната комуникација на „Титаник“ и комуникацијата на блиските бродови кои тргнаа да им помогнат.

Поларната светлина се создава кога наелектризираните честички на сончевиот ветер ги погодуваат горните слоеви на Земјината атмосфера, каде под нивно влијание почнуваат да светат молекули на кислород и азот. Магнетната бура може да ја наруши работата на компасот, а отстапувањето од само 0,5 степени би било доволно за да го донесе бродот кон курсот за судар со ледениот брег, објаснува Зинкова.

Поврзани содржини