ЗОШТО ПАЃА КРИПТОТО Нема кеш, а криптовалутите се сунѓери за вишок готовина

Анализа на Си-Ен-Ен за причините на падот на криптото и за кризата во финансиите предизвикана од новите политики на Централната банка на САД,

1,179

Големиот пад на FTX, една од најголемите берзи за криптовалути, предизвика шокови низ крипто универзумот. Криптото е во криза, но не само поради FTX, анализира Си-Ен-Ен.

Дали е „виновна“ борбата против инфлацијата: Аналитичарите на JPMorgan сега предвидуваат нов пад на биткоинот од 25% во наредните недели. Ова, според нив, делумно се должи на последици од пропаѓањето на FTX, како и на различниот предизвик што веќе ги погодува крипто-средствата, како зголемувањето на каматните стапки. Федералните резерви го намалуваат својот биланс од јуни, во борбата против инфлацијата. Тоа значи дека капиталот пресушува, што е лошо не само за криптото, туку и за другите видови средства, вклучувајќи ги и акциите.






Пресушуваат сунѓерите за вишок кеш: Криптовалутите ги користеа големите вбризгувања пари во ерата на пандемијата, благодарение на политиката за лесни пари на ФЕД. Централната банка ги задржа каматните стапки блиску до нула и ги наполни билансите на големите банки со кеш, со купување огромни суми на обврзници и други средства.

Но, работите се менуваат, анализира Си-Ен-Ен. Во последниве месеци инфлацијата се зголеми, каматните стапки се укинати, а кешот пресуши. Тоа е лоша вест за дигиталните средства, кои според аналитичарите на Волстрит се сунѓери за вишокот пари.

Вгодина, здравје, подобро: Аналитичарите на JPMorgan велат дека политиките на ФЕД ќе создадат големо количество на достапна готовина за инвестирање во текот на следната година. Инаку, помалку пари значи поголема одбивност кон ризици и инвеститорите престануваат да влоѓуваат во криптото. Сега и другите платформи за дигитални средства, како Солана, исто така се соочуваат со криза за готовина.

Целата анализа на Си-Ен-Ен на следниот ЛИНК.

 

 

Поврзани содржини