ЗОШТО НЕМА ПЦР ТЕСТОВИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ДРЖАВНО? Пациенти со симптоми добиваат термин за брис по 2 недели

Лазаров посочи и на друг проблем поврзан со задоцнетото лекување, а тоа е немањето термини во поликлиниките за навремена крвна слика.

1,125

Нема доволно ПЦР тестови за тестирање на државно, алармира матичниот доктор Ненад Лазаров од ПЗУ Медика ВЕРА преку својот профил на Фејсбук.

„Немањето ни приближно доволно PCR тестови на државно е директен атак врз здравјето на народот и флагрантно кршење на човековите права! Ниту може рано да дијагностицираме ниту пак да изолираме, со тоа свесно и намерно се пушта цел народ низ вода, да го цитирам Ф: ‘да изгори епидемијата’. Што да правам со симптоматски пациенти во тие неколку дена па и недела додека чекаат термин за тест? Молкот на фелата е недозволив“, напиша Лазаров.






Ваквата ситуација со задоцнето тестирање трае од август месец од кога нагло се зголемија случаите со ковид-19.

Според последниот билтен од Министерството за здравство објавен вчера, а се однесува на тестирањата во вторникот, направени се 3.149 тестови од кои преку Институтот за јавно здравје 299, преку Центарот за јавно здравје Скопје 64, преку ЦЈЗ Битола 61, преку ЦЈЗ Прилеп 43, ЦЈЗ Тетово 59, ЦЈЗ Куманово 48, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 1 тест, Судска медицина 0, лабораторија болница Козле 0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8 Септември0, Институт за микробиологија 174, Клиника „Жан Митрев76, Авицена 141, Биотек 230, Систина 51, лабораторија Лаор 133, Синлаб 18, Ремедика 19, Плодност 29, Генеа 4, Никоб лаб 355, ВФВ Медикал 61, Ели Медика 36, Ројал Медика 12, Спектра-ММ 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.234 теста.

Лазаров посочи и на друг проблем поврзан со задоцнетото лекување, а тоа е немањето термини во поликлиниките за навремена крвна слика.

Вчера, 6 октомври, праќам ковид пациенти со ковид упат за крвни анализи во поликлиника Јане Сандански. Им закажале боцкање на 22 октомври“, напиша Лазаров.

Поврзани содржини