ЗОШТО НА МИНИСТЕРОТ ЛИМАНИ МУ БИЛО ОДБИЕНО БАРАЊЕТО ЗА АМЕРИКАНСКА ВИЗА? Мицкоски вели да не се избрзува со заклучоци
мериканската амбасадорка Анџела Агелер вчера во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.
Односите меѓу Владата и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како и тие со администрацијата во американската Амбасада тука се на ултра високо ниво, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес конференцијата по извршениот увид на градежни активности во Ѓорче Петров.
Kоментирајќи го случајот со одбиената американска виза на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, премиерот Мицкоски порача да не се избрзува со заклучоци.
– Јас не би избрзувал со заклучоци поврзани со визата, да почекаме, што ако добие наскоро, тогаш што правиме, што ќе се случи?! Затоа да не брзаме, знаеме точно што правиме нема да направиме ниту милиметар спротивен од интересот на државата и граѓаните – изјави Мицкоски.
Американската амбасадорка Анџела Агелер вчера во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.
– Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Би ве упатила кај министерот да ви каже за тоа што се случило, но, исто така, ќе кажам дека секој апликант за американска виза, процесот за добивање на американска виза му се објаснува на поединецот, а доколку има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето – рече Агелер.