ЗОШТО МОЛЧИТЕ ЗА СКАНДАЛОЗНИОТ ОГЛАС НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ СО „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“? Левица ги прозива СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Изостанува реакција и од провладините активисти и организации кои силно убедуваа дека ,,македонскиот јазик е зацементиран" – се вели во соопштението на Левица.
Зошто нема никаква реакција од СДСМ, ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ на скандалозниот оглас на американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ во кој макеоднскиот јазик се именува како „севрномакедонски“ – прашува јавно партијата Левица.
„Имено, во огласот за вработување за лице за работната позиција „водач за односи со јавноста“, од страна на контроверзниот американски конзорциум, „Бехтел и Енка”, јазикот наведен како официјален јазик на Република Македонија е тенденциозно наведен како „северномакедонски мајчин јазик”. Дополнително, во албанската верзија на истиот оглас македонскиот јазик е претставен како „мајчин јазик на Република Северна Македонија”, додека македонската верзија е последна, по англиската и албанската, што е флагрантно деградирање на македонскиот јазик!
За ваквиот скандалозен оглас нема никаква реакција од страна на триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ, најверојатно за да не го навредат „стратешкиот партнер“ кој го спроведува проектот Коридор 8. Изостанува реакција и од провладините активисти и организации кои силно убедуваа дека ,,македонскиот јазик е зацементиран”.
Резултатите на владеењето на предавничката СДС и сецесионистите од ДУИ се крајно погубни во однос на државата и општата добробит. Корпоративната диктатура, која ја официјализираа со европско знаменце за да му се дозволи на Артан Груби да се богати, додека американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ги експлоатира работниците со над 70 часа работа неделно, сега на вулгарен начин задира и во основните идентитетски обележја на државата – нарекувајќи го во оглас македонскиот јазик како „северномакедонски мајчин јазик”.
Владата, која ја сочинуваат импотентните квислинзи од СДС и етно-трибалистичките сецесионисти од ДУИ, дозволува една корпорација да ги редефинира државните идентитетски обележја“ – се вели во соопштението на Левица.