Зошто младите носат ножеви, полицијата вчера пронајде кај тројца
Полицијата соопшти дека по документирање на случаите против нив ќе поднесе пријави.
Полицијата вчера во два случаи приведе тројца млади скопјани кои со себе носеле ножеви.
Како што соопшти полицијата 16.40 часот на ул. Св.Климент Охридски во Скопје, при преглед кај Р.А.(21) од Сингелиќ, скопско и Ф.А.(23) од с.Грушино, скопско се пронајдени ножеви кои им се одземени. полицијата по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави.
Во 18 часот синоќа, полицајци од СВР Скопје го привеле З.П.(21) од Скопје затоа што при преглед кај него пронашле нож.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.