ЗОШТО МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА И КОСОВО Ѝ СЕ ДОДВОРУВААТ НА АМЕРИКА? Одговорот го има шпанскиот весник „Ел Паис“

Весникот тврди дека ова „лижење задници“ има корен во минатото, особено во бомбардирањето на Србија и улогата која САД ја одигра во поддршката на Албанците во трите земји. Таа потчинетост уште повеќе се зголемува со фактот дека Македонија, Албанија и Косово се игнорирани од Европската Унија која во моментов се справува со свои проблеми.

3,261

„Албанија, Северна Македонија и Косово се тркаат да им понудат помош на Вашингтон и на НАТО, иако нивната иднина во ЕУ станува сè покомплицирана“.

Вака напиша шпанскиот весник „Ел Паис“ за нашата наводна субмисивност и ласкање кон Западот и евроатланските партнери, мислејќи на бегалците од Авганистан кои ние и нашите соседи ги примивме ова лето.






Весникот тврди дека ова „лижење задници“ има корен во минатото, особено во бомбардирањето на Србија и улогата која САД ја одигра во поддршката на Албанците во трите земји. Таа потчинетост уште повеќе се зголемува со фактот дека Македонија, Албанија и Косово се игнорирани од Европската Унија која во моментов се справува со свои проблеми.

Тие имаат споменик на Олбрајт, ние имаме Бела палата како Белата куќа

Македонската барокна „бела“ влада е слична со Белата куќа, се вели во статијата, а Приштина ја има бистата на Медлин Олбрајт, жената која беше десна рака на Клитон и која лобираше Србија да биде бомбардирана од НАТО. Не е ни чудо што Македонија, Косово и Албанија први се пријавија за да ги примат бегалците.

Албанија прими 4.000 азиланти, најмногу во светот. Тие чекаа по студентските домови во Тирана и по хотелите на Јадранот иако нивната крајна цел беше САД. Косово, кое има „најпроамерикански граѓани“ прими 2.000, а Македонија вети дека ќе прими 780 бегалци.

Бегалците на Косово ќе останат на Косово?

„Без никакви резерви и услови“, напиша за приемот на Авганистанците претседателката на Приштина, Вјоса Османи на Фејсбук.

Амнести интернешнел ја критикуваше несоодветната ситуација на бегалците во „Бондстил“, американската воена база на Косово. Ќе останат ли таму? Уште не е јасно дали ќе можат слободно да се движат оние кои нема да ја поминат новата безбедносна проверка, а веќе беа сомнителни, пренесува Косово Онлајн.

Килаво влеговме во НАТО, а во Европа преку Америка

Албанија се приклучи на Атлантската алијанса во 2009 година, а Македонија лани, откако го смени името. И Косово се стреми да влезе во НАТО, но не може бидејќи некои членки, вклучително и Шпанија, не го признаваат како држава, потсетува „Ел Паис“.

Овие сигнали на лојалност кои ги праќаат трите земји имаат уште поголема смисла, ако земеме превдид дека Европската Унија, другата голема западна сила кон која тие сакаат да се приклонат, во моментов е фокусирана на своите проблеми, отколку на пристапот на Македонија, Косово и Албанија во Унијата.

Евроскептицизмот е во пораст

Шпанскиот весник наведува и дека Албанците од Косово, Албанија и Македонија го поддржуваат овој проамерикански пристап со посебен ентузијазам. Анкетата на Националниот демократски институт минатиот април покажува дека вреднувањето на САД и НАТО меѓу косовските Албанци останува многу високо. Во Македонија, поддршката за пристапување во Унијата е намалена на 69 отсто (од 80 отсто во 2014 година), но ставовите за Вашингтон и Атлантската алијанса остануваат стабилни.

Словачка и Шпанија се европското „не“ за Косово

Весникот „Ел Паис“ оценува дека многу од ова има врска и со историјата. Се потсетува дека САД беа голем поддржувач на прогласувањето независност на Косово, во Албанија беа симбол на албанската слобода поротив диктатурата на Енвер Хоџа, а во Македонија беа клучен стратешки партнер.

Интересно е што специјалниот претставник на ЕУ за дијалогото Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, но и неговиот колега, Јосеп Борељ, главен европски дипломат, доаѓаат од земји кои не го признаваат Косово – Словачка и Шпанија, што за „Ел Паис“ е потврда за скриеното „не“ на Европа за трите земји од регионот.

Поврзани содржини