ЗОШТО ДОЗВОЛИЛЕ ГРУБИ ДА ГИ КРАДЕ НАРОДНИТЕ ПАРИ? Лефков очекува СДСМ да им се извини на граѓаните
СДСМ и Филипче за почеток треба да излезат на прес-конференција и да им се извинат на граѓаните што дозволиле ДУИ и Груби да ги крадат народните пари, порача Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Венко Филипче во времето кога беа власт, кога стануваше збор за ДУИ и посебно за Артан Груби, глумеа дека ништо не знаат за криминалот на партнерите. Демек ниту виделе, ниту слушнале, а знаеја сите што прави конкретно Груби, обвини денеска Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ и Филипче сега влегоа во филм да зборуваат дека ДУИ не чини или само декларативно се оградуваат од нив. На СДСМ и на Филипче треба да им е јасно дека тоа не е доволно. СДСМ и Филипче за почеток треба да излезат на прес-конференција и да им се извинат на граѓаните што дозволиле ДУИ и Груби да ги крадат народните пари. Филипче како прв човек на СДСМ треба да признае дека додека бил функционер во владата на СДСМ и ДУИ, таа влада ги дозволувала криминалните активности на ДУИ. Токму поради ова Филипче треба да помогне на правосудните органи во докажување на криминалот, бидејќи се претпоставува дека се минимум правно писмени и треба да знаат дека доколку не ги споделат информациите може да се сметаат и за соучесници. Значи Филипче и СДСМ прво треба јавно да се извинат, да се оградат и да помогнат на правосудните органи во докажувањето на криминалните активности на ДУИ во период кога беа коалициски партнери. Доколку не го сторат тоа, СДСМ ќе остане уценувана партија, партија со личности на кои им се важни само личните и партиските интереси – порача Лефков.