ЗОШТО ДЕМИ МУР СЕ РАЗВЕДЕ ОД ЕШТОН КАЧЕР Ја принудил на секс во тројка и на гнасни работи

Иако се чинеше дека тие се идеален пар, Деми во своите мемоари „Inside Out“ откри дека нејзиниот поранешен сопруг бил голем манипулатор и насилник.

1,830

Актерката Деми Мур утре (на 11 ноември) го прославува својот 59-ти роденден, а покрај бројните филмски остварувања, нејзиниот живот го одбележа бракот со колегата Ештон Качер, кој е 15 години помлад.

Иако се чинеше дека тие се идеален пар, Деми во своите мемоари „Inside Out“ откри дека нејзиниот поранешен сопруг бил голем манипулатор и насилник.






Деми и Ештон беа во брак од 2005 до 2013 година. Тие се запознале во пролетта 2003 година во хотелска соба во Њујорк, каде што нивните заеднички пријатели се собрале пред вечерата.

Кога го видела, пишува Деми, изгледало како да се сами на светот.

Веднаш меѓу нив се создала магнетна привлечност и цела ноќ ја поминале во разговор. Деми рекла дека разликата од 15 години не се чувствувала, а тој ги прифатил нејзините деца и одлично се сложувал со нив.

Иако нивната врска започна идилично, а Деми дури доби благослов од поранешниот сопруг и татко на нејзините деца, Брус Вилис, актерката набрзо ги отфрлила годините на трезвеност и пуштила други жени во нејзиниот брак, пишува „USA Today“.

Кога Качер рече дека не знае „дали алкохолизмот е навистина болест“, Мур почнала да пие, мислејќи дека тој сака „девојка којашто може да испие чаша вино за вечера или да пие текила на забава“.

– Сакав да бидам таа девојка. Онаа којашто може да испие чаша вино на вечера или да пие текила на забава. Мислев дека и тој го сака тоа. Се обидов да бидам тоа, забавна, нормална девојка – рекла Деми.

„Не мислев: ова е детиште во неговите дваесетти, кое нема поим за што зборува. Не мислев …“

Мур почнала да се менува за да се обиде да се вклопи во моделот на жената што нејзиниот сопруг ја посакувал. Таа дала сѐод себе за да го спаси бракот и се согласила на секс во тројка.

Во своите мемоари таа тоа го нарекла „голема грешка“. Деми, меѓу другото, открила дека доживеала многу длабока траума од бракот со Качер. Таа предизвика општ шок и неверување кога призна дека се чувствувала понижено затоа што тој ја замолил да уринира врз него.

Покрај тоа, Качер ја изневерувал, а неговата афера ги наполнила насловните страници на таблоидите. По околу 18 месеци од нивната врска, пред да се венчаат, Мур и Качер очекувале бебе.

Имала спонтан абортус речиси во шестиот месец од бременоста, а тагата поради загубата на бебето ја „потопила“ во алкохол. Потоа Деми станала зависна од лекови против болки, па отишла на рехабилитација.

Кога се вратила, Ештон ѝ се налутил наместо да ја поддржи. Таа напишала и дека се чувствува како да ја „преживеала војната“ и дека тогаш го немала „сочувството“ на нејзиниот сопруг.

Мур напишала и за две афери на Кучер, втората била непосредно пред шестата годишнина од бракот, а за Деми тоа била капката којашто ја прелила чашата.

Ештон Качер се иселил од нивниот заеднички дом во 2011 година.

Тој сега е во брак со актерката Мила Кунис со која доби две деца.

Поврзани содржини