ЗОШТО ДЕЦАТА ЧЕСТО ВОЗДИВНУВААТ? Сè за синдромот на воздивнување кај малите
Детето често вака ќе дише ако е под емотивен стрес и нешто го мачи. Можеби за тоа нема да биде свесно, па потребно е родителите да дадат сè од себе за да се обидат да го решат проблемот на детето.
Многу родители се изненадуваат и се загрижуваат ако забележат дека детето често воздивнува. Ова може да се случи кај малите деца, па на мајките и татковците им изгледа многу необично – зошто детето воздивнува ако има две или три години?
Ако детето има кашлица или температура, полесно ќе утврдиме што му е, а овој симптом може да нè збуни. Воздишката е длабок, премногу нагласен здив кој има одредени невробиолошки, физиолошки и психолошки својства.
Воздивнувањето е карактеризирано со долго, бавно вдишување и еднакво бавно издишување. Обично може да се слушне и е проследено со забележливи движења на градите, рамената и главата.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.