ЗОРАН СТАВРЕСКИ СЕ ВРАЌА ВО ПОЛИТИКАТА Ќе ги мониторира градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ
Во работното тело кое ќе биде раководено од партискиот лидер Христијан Мицкоски, ќе бидат и Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски.
Поранешниот министер за финансии од владата на Никола Груевски, Зоран Ставрески, се врати во партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде дел од новоформираното работно тело кое ќе ја следи реализацијата на проектите на градоначалниците.
Во работното тело кое ќе биде раководено од партискиот лидер Христијан Мицкоски, ќе бидат и Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски.
„Во програмата ’Гарантираме‘ се опфатени точно 14.835 проекти од различни сфери и области, решенија за реалните проблеми на народот. Со овие програми се предвидуваат 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 детски градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела“, напиша ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
Ставрески беше дел од владиниот естаблишмент од 2006 до 2015 година. Прво беше вицепремиер за економски прашања, но по заминувањето на Трајко Славески од функцијата министер за финансии, беше избран и на таа позиција.