ЗНМ: Владата да објасни кој е одговорен за пропустот во организацијата на прес-конференцијата во Куманово

838

Со цел да се избегнуваат шпекулации во јавноста, но и да не се префрла вината од централна и локална власт за овој инцидент, Здружението на новинарите на Македонија ја повикува Владата да објасни чија е одговорноста за пропустот во организацијата на прес-конференцијата во Куманово.

Според објавените фотографии, вели ЗНМ, се гледа дека не биле запазени препораките за физичка дистанца, со што присутните новинари и медиумски работници се доведеле во опасност при вршење на својата работа






„На 18 април, 2020 година, Здружението на новинарите на Македонија објави соопштение во кое се произнесе за правата на новинарите и медиумските работници и за состојбата на медиумите за време на пандемијата со коронавирусот. Во дел од соопштението се дава осврт за прес-конференцијата одржана во Куманово каде присуствувал градоначалникот на Куманово, за кој подоцна се утврди дека е позитивен на коронавирусот“, вели ЗНМ.

Во своето соопштение ЗНМ напиша:

„Сакаме да упатиме критика за последната прес-конференција организирана во Куманово од страна на градоначалникот. Според нашите колеги, таа била организирана во затворен простор со присуство на повеќе соговорници, новинари и медиумски работници, кои имале меѓу себе физички контакт. Потоа се укажа дека градоначалникот бил заразен од COVID-19, со што нашите колеги директно биле изложени на здравствен ризик“.

На овој дел од соопштението Општина Куманово достави демант до ЗНМ во кој се вели дека: „Локалната самоуправа не е организатор на пресот во Куманово, туку Владата на Република Северна Македонија (за тоа постојат докази во комуникација и покани до медиумите)“, вели ЗНМ.

Поврзани содржини