ЗНАМИЊАТА НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ, ТИШИНА ВО КАФЕАНИТЕ Ден на жалост во Велес поради тројцата загинати во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат.

781

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре, се одложуваат.






Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.

ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ПРИ ПРЕВРТУВАЊЕ НА ПАТНИЧКО КОМБЕ! Во страшната несреќа кај Катланово се повредени 5 лица кои завршиле во болница

Поврзани содржини