ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ СЕ ВЕЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО Дождот не ги спречи граѓаните да излезат на протест за поддршка на адвокатот Менкиноски
Меѓу насобраните граѓани се наоѓа и адвокатот, кој е застапник на ОМО Илинден и кој има добиено десетина судски процеси против Бугарија.
Поголема група граѓани денеска во 18 часот се собра пред Собранието под слоганот „Јас сум Тони Менкиноски“, давајќи му поддршка на адвокатот Тони Менкиноски кој доби пријава поради тоа што го развеал знамето од Кутлеш во Охрид.
Меѓу насобраните граѓани се наоѓа и адвокатот, кој е застапник на ОМО Илинден и кој има добиено десетина судски процеси против Бугарија.
– Им се заблагодарувам на граѓаните кои ми ја даваат поддршката, бидејќи ние си имаме право да си го вееме македонското знаме. Утре е судењето, па не очекувам ништо друго освен да ме ослободат. Како прво и основно, не постои закон кој може да нѐ спречи да го вееме македонското знаме. Поради таа причина против мене е поднесено обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи и тие самите не знаеле како да го нормираат обвинението. Со ова сакаат да покажат дека Македонците не смеат да го користат ова сонце – рече Менкиноски денеска директно од протестот пред Собранието.