Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска ги повика граѓаните да се приклучат кон политичкиот субјект на чие чело е кумановскиот градоначалник и кандидат за претседател Максим Димитриевски.
„Почитувани граѓани, Разочарани сте? Изневерени сте? Барате правда? Време е да се разбудиме! Ве повикувам сите заедно да дадеме максимум за Македонија! Приклучете се!
Ги повикуваме граѓаните на Македонија да ни се приклучат во Движењето ЗНАМ-За наша Македонија“, порачуваат од ЗНАМ.