ЗНАМ СЕ ОГРАДУВА ОД БИЗНИС-АКТИВНОСТИТЕ НА САШО ПЕТРОВСКИ Ако се утврди конфликт на интереси, органите да постапат по закон

Движењето објаснува дека Сашо Петровски бил носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на било каква партиска функција.

1,982

Движењето ЗНАМ нема никакво партиско-политичко влијание во ниту една тендерската постапка на хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти, реагираат од Движењето на кажаното на денешната прес- коференција на СДСМ.

Претходно, СДСМ обвини дека фирмата БС Клининг увоз-извоз ДООЕЛ Скопје, основана на 10 јули 2024 година, чиј сопственик од 24 ноември годинава е Сашо Петровски, добила тендер од Пошта на Северна Македонија во вредност од 1,2 милиони евра за услуги на чистење и одржување хигиена. Според СДСМ, фирмата немала работници, претходно реализирани договори и искуство во оваа област и не ги исполнувала основните услови за аплицирање наведени во тендерската документација во тој момент. Немала минимум три претходни договори за хигиенско одржување, немала најмалку 50 вработени, не остварувала годишен приход од најмалку 100.000 евра во последните три години. Освен тоа, немала ни потребната техничка опрема. И покрај овие недостатоци, фирмата сепак била избрана за изведувач на тендерот.






ЗНАМ се оградува од било каква инволвираност во овој и вакви случаи.

– Точно е дека господинот Сашо Петровски беше носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на било каква партиска функција. Тој е приватен стопанственик кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и во минатото има сериозно професионално портфолио во оваа сфера во одржувањето на приватни компании, но и државни институции – велат од ЗНАМ.

Од Движењето додаваат дека доколку  било кој надлежен орган утврди било каков конфликт на интерес, прекршување на постапката или прекршување на законите, ги повикуваат надлежните да постапат согласно законската норматива.

– Во спротивно секој го има демократското право да води сопствен бизнис и да учествува на јавните конкурси – велат од ЗНАМ.

Поврзани содржини