ЗНАЕВ ДЕКА МЕ САКА, Ѝ СЕ ДОВЕРИВ, А ТОА НЕ СМЕНИ НИШТО Немо е во 5-годишна среќна врска

Знаев дека можам целосно да ѝ верувам. Таа веќе беше чувствителна на таа тема и знаев дека ме сака. Не требаше многу труд за да ѝ се отворам, рече Немо на Инстаграм.

1,220

Победникот на Евровизија 2024 во Малме, Немо Мелтер, веќе 5 години ужива во љубовта со својата девојка. Немо ги освои срцата на публиката и на жирито со песната „Д коуд“, додека неговиот неверојатен талент ги остави сите без здив. Сепак, јавноста беше изненадена и од неговиот родов идентитет, кој започна дискусии за небинарни луѓе, објави Свет плус.

Пред една година, Немо споделил со своите следбеници на Инстаграм:






„Не се идентификувам како маж или како жена. Јас сум само Немо“, напишал Немо  пред една година на Инстаграм во една од своите објави. Тој открил и дека оваа информација ја споделил со својата девојка со која е во врска 5 години.

– Знаев дека можам целосно да ѝ верувам. Таа веќе беше чувствителна на таа тема и знаев дека ме сака. Не требаше многу труд за да ѝ се отворам – рекол пејачот.

Тој додал дека по таа исповед ништо не се изменило во нивната врска.

– Нашата врска воопшто не се заснова на какви било модели. Ние сме само две лица и немаме никакви родови очекувања еден од друг, а никогаш не сме ни имале – изјавил Немо.

Поврзани содржини