Знаете зошто имате сува уста, суви очи, киселини, болка во зглобовите?
Кога пиете премалку вода, телото ја „позајмува“ од другите расположливи органи, па се чувствувате лошо и побавно заздравувате од болести. Така што, жедта не е единствениот знак дека на телото му треба вода, туку и поспаноста, заморот, летаргијата и уште некои дополнителни симптоми
Иако сите знаат дека треба да ја пиеме потребната количина вода секој ден, повеќето луѓе не пијат доволно вода во текот на денот, бидејќи е попримамливо да уживаат во кафе за време на појадокот и во релаксирачка чаша вино за време на вечерата.
Меѓутоа, кога не успеваме да пиеме доволно за да ја надоместиме загубената течност при мокрење, потење, па дури и дишење, почнуваме да влегуваме во состојба на дехидрација. Дехидратацијата не само што носи чувство на жед – може да има големо влијание и врз функционирањето на целото тело. Еве што треба да знаете.
Колку вода треба да пијам дневно?
Веројатно сте го слушнале правилото дека треба да пиете осум чаши вода дневно, но излегува дека количината на вода што секој човек треба да ја пие варира. На децата и постарите возрасни им треба повеќе вода за да останат хидрирани, вели д -р Смит, клинички вонреден професор на Одделот за ортопедија и рехабилитација, на Универзитетот во Флорида. Луѓето кои земаат одредени лекови, имаат историја на кардиоваскуларни заболувања или неодамна имале вирусни заболувања, исто така, треба да внесуваат повеќе вода.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.
Фото: Unsplash