„ЗНАЧИ ПРЕТЕРАВТЕ СО СЕЛФИЊАТА“ Портофино со казни до 275 евра ќе воведува ред во туристичкиот бисер
Градоначалникот на Портофино, Матео Виакава, тврди дека е создаден „анархичен хаос“ од туристите кои застанувале да се фотографираат и резултирало со огромен сообраќаен метеж и блокирани улици.
Ако сте некој кој сака да поминува време правејќи многу снимки и селфи кога одите на одмор, тогаш Портофино можеби нема да биде најдоброто место за посета во иднина, објави Би-Би-Си.
Градот на италијанската ривиера воведе зони за забрана за чекање за да ги спречи туристите да се „задржуваат“ на популарните убави места за фотографирање.
Сега може да бидете казнети до 275 евра (242 фунти) за предолго висење во зоните, кои ги вклучуваат најфотогеничните места.
Овој потег е преземен затоа што овие области се создава исклучителен метеж, со многу луѓе кои се собираат во шпицот за време на сезоната на годишни одмори.
Популарната крајбрежна рибарска комуна е позната по своите шарени куќи со поглед на морето.
Градоначалникот на Портофино, Матео Виакава, тврди дека е создаден „анархичен хаос“ од туристите кои застанувале да се фотографираат и резултирало со огромен сообраќаен метеж и блокирани улици.
Мерките првпат стапија на сила за време на велигденскиот викенд, кога Портофино беше преполно со туристи, а правилата сега ќе останат во сила до октомври.
Бидејќи градот очекува да види голем број туристи во текот на летните месеци, правилата ќе бидат во сила од утро до 18 часот секој ден.
Портофино не е единственото место што ги спречува селфи фотографиите – има и правила на одредени локации во САД, Франција, па дури и во Велика Британија.
И Њујорк и Калифорнија со закон им забранија на луѓето да прават селфи во зоолошки градини и области каде што може да има опасни диви животни во позадина, како тигри и мечки.
Селфи се забранети и во одредени области на лондонската кула
Селфи се забранети и во одредени области на лондонската кула, вклучително и каде се чуваат накит од круната, од безбедносни причини.