„ЗНАЧИ, КАКО ТИ УСПЕВА, ЖЕНО?“ Излезе третата епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам “
Две деловни жени ги споделуваат тајните за тоа како да бидете успешни и задоволни и како им успева на некои жени да жонглираат со големиот број обврски што им се наметнати.
Како да се биде успешна жена во сите аспекти од вашиот живот : кариера, семејство, пријатели, грижа за себе…?
Едно од честите прашања кое го слушаме секојдневно е „Како ти успева, жено?“
Темите за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, менталното здравје но, најважно, сликата за себе и важноста на улогата и очекувањата од жената во секојдневниот живот, се доста актуелни последниве неколку години.
View this post on Instagram
Слушнете ја третата епизода од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“ во која гостуваат поранешната Мис на Македонија, а денес менаџерка Ана Биновска и адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска.
Овие две деловни жени ги споделуваат тајните за тоа како да бидете успешни и задоволни и како им успева на некои жени да жонглираат со големиот број обврски што им се наметнати.
Ги раскажуваат предизвиците со кои се соочуваат за да одржат баланс меѓу професионалниот и приватниот живот, родовите стереотипи со кои секојдневно се сретнуваат, потрагата по перфекционизам и самоприфаќање, но и грижата за себе без чувство на вина и без да се подлегне на наметнати очекувања од околината.
Токму таа индивидуалност е фокусот на кампањата #скрозјас која ја пренесува пораката за важноста на прифаќањето себеси, вклучувајќи ги сите свои особини, квалитети, но и несовршености.
Во исчекување на следната епизода на dm поткастот „Женски ритам “, споделете, коментирајте на dm профилите на социјалните мрежи за да се вроди што поплодна дискусија за најважните женски теми!