Злоупотребата на субвенциите ќе се следи и казнува
Премиерот Спасовски рече дека постои член во Кривичниот законик кој регулира кривично дело злоупотреба на субвенции од државата.
Премиерот Оливер Спасовски рече дека сите фирми кои ќе ги прекршат членовите од уредбите, односно се обидат да го изиграат законот ќе бидат казнети.
– Во користењето на мерките можат да настанат и злоупотреби. Информирам дека тоа ќе се следи веднаш од надлежните институциите и ќе се преземаат соодветни мерки. Постои член во Кривичниот законик кој регулира кривично дело злоупотреба на субвенции од државата Така секој треба да се гледа во овие законски надлежности – рече Спасовски.