Златото се доближува до рекордната цена од 1.900 долари

Тоа го докажува и цената на металот, а на златото се качи над 1.800 долари по унца и се движи кон рекордното ниво од 1.900 долари.

389

Цената на златото достигна 1.800 долари, што е највисоко ниво од 2011 година и се движи кон рекордните 1.900 долари за унца.

Според информациите од Волстрит, одредени инвеститори се водени од оптимизам во поглед на потенцијалното економско опоравување па ги зголемуваат своите вложувања. Сепак, повеќето се и натаму нервозни поради растечката закана од втор бран коронавирус.






Тоа го докажува и цената на металот, а на златото се качи над 1.800 долари за унца и се движи кон рекордното ниво од 1.900 долари.

Златото во 2020 година порасна за речиси 19 проценти. Аналитичарите велат дека ова е интресен тренд. Скокот на цената на златото имаше повеќе смисла претходно оваа година, како стока која секогаш добро оди во период на финансиски стрес, кога стравот доминира на берзите.

По падот на банката „Лиман брадрс“ во 2008 година, златото зајакна додека пазарот тоа го дочека дури на почетокот на 2009 година.

А рекордната цена, таа од 2011 година, забележана е по намалувањето на рејтингот на САД.

Поврзани содржини