📷 „ЗЛАТНО МОЕ, ТАТО ЌЕ ТЕ НАЈДЕ“ Таткото на исчезнатата Данка испрати емотивна порака
Потрагата по Данка траеше цела ноќ, при што температурата во Бор (источна Србија) и околината се спушти на само 6 Целзиусови степени, додека дождот за кратко престана.
„Златно мое, тато ќе те најде! Свету мој мал!”.
Со овие зборови првпат проговори Милош Илиќ, таткото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2) од Србија, откако е во тек потрагата по неговата ќерка.
Потрагата по Данка траеше цела ноќ, при што температурата во Бор (источна Србија) и околината се спушти на само 6 Целзиусови степени, додека дождот за кратко престана.
Припадниците на Планинарската спасувачка служба објаснија дека во нормални околности тоа се добри услови за потрага, но дека секоја минута е важна бидејќи се работи за двегодишно девојче.
Синоќа хеликоптери заедно со дронови полетаа и покрај затемнувањето и го пребаруваа теренот со термални камери.
Над местото каде што исчезна Данка Илиќ има пат до шума која не е густа, но во која има многу густа вегетација.
Девојчето исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор.
– Детето беше облечено во виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса. Одговара на името, но сѐ уште е мала, уште не зборува – рече мајката.