ЗЛАТНА ТРЕСКА И ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Пронајдена висока концентрација на злато на 3 локации

Концентрацијата варира од 1  до 27 отсто во долга линија од 60 метри - оизјави Милош Бошњаковиќ, генерален директор на „Ликос Балкан Металс“.

188

Малата општина Језеро, која има нешто повеќе од 1.000 жители, сместена покрај реката Плива кај Јајце и Мркоњиќ-Град, ја тресе „златна треска“.

Компанијата „Ликос Балкан Металс“, односно „СНК металс“ од Бјелина, која врши геолошки истражувања на ова подрачје, соопшти дека на 3 локации во општина е пронајдена висока концентрација на злато.






– Концентрацијата варира од 1  до 27 отсто во долга линија од 60 метри – оизјави Милош Бошњаковиќ, генерален директор на „Ликос Балкан Металс“.

Локалното населени, пак, е против отворање на рудник бидејќи ќе треба да ги напушти домовите, но се плаши и од загадување.

-Не сакаме да го напуштиме домот на нашите предци. Живееме овде хармонично, убаво ни е и не сакаме да ни ги уништиме реките. Повеќето од граѓаните не веруваат дека има злато. Се плашат и од загадување- велат жителите од оваа општина.

Поврзани содржини