ЗК „Пелагонија“ го продава комплексот „Александрија“ во Битола

ЗК „Пелагонија“ претходно ја продаде централата за производство на струја од биогас „Пелагонија Енерџи“ а најави дека ќе ги продава и уделот во висина од 59 отсто во скопското друштво „МКМ Експрес“, како и хотелот „Маврово“ во кое битолската фирма поседува 21,9 отсто од уделите.

962

Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола го продава друштвото за трговија и услуги „Комплекс Александрија“  Битола. Комплексот има номинална вредност од 216.043.100 денари (паричен и непаричен влог).

Одлука за продажба на комплексот донеле вчера акционерите на ЗК „Пелагонија“ и е објавена на Македонска берза.






Најниска цена на продажба на Комплексот е 10,5 милиони евра.

Според одлуката, комплексот „Александија“ ќе може да се продаде целосно откако се избрише Налогот за заплена на удел од 2018 година или по добивање согласност од НЛБ Банка Скопје како доверител за повлекување на налогот за запленување на удел во трговското друштво со кој се врши заплена на 100 отсто од главнината на комплексот „Александрија“.

ЗК „Пелагонија“ претходно ја продаде централата за производство на стуја од биогас „Пелагонија Енерџи“ а најави дека ќе ги продава и уделот во висина од 59 отсто во скопското друштво „МКМ Експрес“, како и хотелот „Маврово“ во кое битолската фирма поседува 21,9 отсто од уделите.

ЗК „Пелагонија“ има 4 големи поединечни акционери меѓу кои и две домашни физички лица и две компании. Најголем поединечен акционер е друштвото „Софија“ од Скопје кое поседува 22,7 отсто од акциите со право на глас. По 20 отсто поседуваат „Орка Холдинг“ од Скопје и Цветан Панделевски. Скопјанецот Ненад Јосифовиќ е четвртиот голем акционер и тој поседува 7,3 отсто од акциите.

Поврзани содржини