📸🎥 ЗИНИ ЗЕМЈО, ГОЛТНИ МЕ… Со вакви ликови ли СДСМ тера кампања?
На Фејсбук се појавија фотографија од анонимниот лик, кој беше искористен на митинг на СДСМ за да се навреди Силјановска Давкова, поради нејзината возраст и поради тоа што е жена. За ваквите ликови пред пет години самиот Пендаровски коментираше: „Стока!“
Пред некој ден, на митинг на СДСМ, овој анонимус, веројатно под дејство на алкохол, грубо ја навреди Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска, кои беа непосредно до него, не се оградија од неговата безобразна навреда.
Пендаровски подоцна се оглуши на барањата да ѝ се извини на Силјановска Давкова, а СДСМ, во стилот „нападот е најдобра одбрана“, побара претседаателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ да му се извини на Пендаровски за наводни изречени навреди.
Во меѓувреме, на Фејсбук се појавија фотографија од анонимниот лик, кој беше искористен на митинг на СДСМ за да се навреди Силјановска Давкова, поради нејзината возраст и поради тоа што е жена.
Фотографиите сами за себе говорат за каков лик станува збор:
;
Веројатно најдобар коментар за ваквите ликови даде самиот Стево Пендаровски, во една контроверзна изјава пред пет години. Еве што рече Стево тогаш за ваквите луѓе: