Зидан: Победата ме радува, ама чувствата се измешани

Малку ќе уживаме во нашата победа, а потоа повторно на напорна работа. Знаеме дека претстои важен натпревар со Барселона во домашното првенство, а потоа и реваншот со Ливерпул, рече тренерот на Реал Мадрид.

784

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги искажа своите впечатоци по првиот натпревар со Ливерпул во четвртфинале во Лигата на шампионите.

Реал победи со 3:1 и со два гола предност ќе оди на реваншот во Англија.






– Победата е добра, но севкупно, чувствата се измешани. Имавме одличен натпревар, но доживеавме тешкотии на почетокот на второто полувреме. Горд сум на секој играч. Но, реваншот е пред нас. Мило ми е што Винисиус постигна гол, му требаше. Тој е добар, му помага на тимот и добива поттик кога ќе постигне таков гол. Малку ќе уживаме во нашата победа, а потоа повторно на напорна работа. Знаеме дека претстои важен натпревар со Барселона во домашното првенство, а потоа и реваншот со Ливерпул – истакна Зидан.

Реал Мадрид на 10 април ја пречекува Барселона во дербито на шпанската Ла Лига. Реваншот со Ливерпул е закажан за 14 април.

Поврзани содржини