Зибери: Ветинг за сите функционери

608

Првиот кандидат за премиер Албанец, Насер Зибери, вечерва од Куманово изјави дека се залага за суштински реформи од повеќе области, политички, економски, социјален аспект од кои бенефит ќе имаат сите граѓани во државата.

– Вистински реформи за да ги надминеме проблемите. Реформите нема да бидат само на хартија, туку ќе значат подобар живот за сите – рече Зибери во изјавата за медиумите по завршување на митингот на ДУИ на градскиот плоштад во Куманово.






Многу значајно, според Зибери е решавањето на проблемите околу владеење на правото и борба против корупцијата.

– Мора да ја вратиме довербата на граѓаните во однос на владеење на правото, дека законот еднакво важи за сите, а тоа ќе можеме со еден инструмент кој се применува и дава резултати. Ние нема да откриеме ништо ново, ветинг и  ветинг, во правосудните органи, ветинг за носителите на јавни функции, ветинг кај сите тие што во име на граѓаните вршат јавни професии – изјави Зибери.

Поврзани содржини
na