Зибери: Трајковски и Имери оставија наследство кое треба да го негуваме

504

Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на партијата за Демократски Просперитет, Имер Имери и одаде почит за нивниот придонес.

– Оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјава, оставајќи притоа големо наследство преточено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел и до преамбулата на Уставот како еден од клучните столбови на која се гради земјата – посочи Зибери.






Зибери го оцени придонесот на Трајковски и Имери како историски во изградбата на денешното мултиетничко општество, посочувајќи притоа дека како земја мора да го негуваме надградуваме ова наследство, зајакнувајќи ја со тоа довербата меѓу етничките заедници.

– Како претседател на земјата, под покровителство на Борис Трајковски се одржуваа политичките преговори при креирањето на Охридскиот рамковен договор, а како претседател на партијата за демократски просперитет, Имер Имери беше еден од четирите политички претставници кои ги водеа преговорите и на крајот беа потписници на Договорот – додаде Зибери.

Поврзани содржини