Зибери наместо премиер ќе стане народен правобранител
Али Ахмети, лидерот на ДУИ, инаку партија која го промовираше Зибери како кандидат за премиер, рече дека „тој ќе продолжи како нотар додека не добие некоја одговорна функција“.
Насер Зибери наместо прв премиер Албанец на Македонија, ќе стане народен правобранител, дознава „ТВ21“.
Извори на телевизијата велат дека нотарот и поранешен пратеник и министер за труд и социјална политика ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.
Оваа функција се бира од Собранието со 8 годишен мандат, а Мемети на оваа позиција е од 2004.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ, инаку партија која го промовираше Зибери како кандидат за премиер, рече дека „тој ќе продолжи како нотар додека не добие некоја одговорна функција“.