Зибери: Ахмети ќе одлучи кој ќе биде прв премиер Албанец

1,297

Насер Зибери кој беше кандидат за прв премиер Албанец во Македонија, а сега избран за народен правобранител вели дека одлуката на ДУИ ќе биде кого да го номинира за премиер Албанец во последните 100 дена од оваа Влада.

-За тоа одлучува Али Ахмети, вели Зибери, потенцирајќи дека политичките амбциите на Албанците не завршуваат со отворање на Универзитет на албански јазик и избор на претседател на Собрание или министер за надворешни работи.






– Ние треба да имаме премиер Албанец и тоа не е неостварливо. Не е важно дали јас ќе бидам премиер или друг, но добра порака е за соживот во иднина да има премиер Албанец и тоа ќе биде – рече Зибери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.

Поврзани содржини