ЖРТВИТЕ НА НАСИЛСТВО ОТСЕГА ЌЕ ДОБИВААТ 10.000 ЕВРА ОТШТЕТА Ако нема насилникот, ќе плаќа државата

Со новите одредби, жртвите на насилни кривични дела ќе можат да добијат отштета до 10.000 евра од државната каса, во случаите кога таа отштета нема да може да се наплати од сторителите на насилството. Пратениците од власта и опозицијата беа едногласни дека законот заслужува внимание и дека оди во насока на поголеми права на оштетените.

544

Собранието попладнево во рамки на 91.седница ги донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и измените и дополнувањата на законите за даночна постапка и за регистрирање на готовински плаќања.

Со новите одредби, жртвите на насилни кривични дела ќе можат да добијат отштета до 10.000 евра од државната каса, во случаите кога таа отштета нема да може да се наплати од сторителите на насилството. Пратениците од власта и опозицијата беа едногласни дека законот заслужува внимание и дека оди во насока на поголеми права на оштетените.






Обесштетување од државата им следува на жртвите на насилниците, силувачите, трговците со луѓе, терористите итн. Во овој закон се опфатени дела сторени со примена на физичка сила, родово базирано насилство, засновање ропски однос, трговија со луѓе, трговија со дете, дела против половата слобода и половиот морал или дела со кои со општоопасно дејство или средство се доведува во опасност животот или имотот на лицето, дело што предизвикало смрт, тешки телесни повреди или тешко нарушување на физичкото или на психичкото здравје на едно или на повеќе лица.

Поврзани содржини