📷 ЖОНГЛЕР ГИ ЗАБАВУВА ВОЗАЧИТЕ НА СЕМАФОР ВО ВЛАЕ Задоволната публика му фрла парички на младото момче
Младото момче одлучи да им ги покаже своите вештини на скопјани, а и да заработи некоја паричка, бидејќи, како што раскажуваат читателите кои ни ги испратија фотографиите, по секое завршување на жонглерската точка, тој оди од автомобил до автомобил и бара да биде награден.
Жонглер, качен на моноцикл, веќе цело претпладне ги забавува возачите кои чекаат зелено светло на крстосницата кај мостот „Влајко“ на булеварот Партизански Одреди во Влае.