Животот на Џо Бајден полн со трагедии: Првата сопруга и ќерката загинале, а синот починал од тумор на мозокот
Демократот Џо Бајден ќе ја добие конечната оценка за животот на овие претседателски избори, кој целосно го посвети на политиката.
Семејната трагедија и емпатијата како најсилен адут
Правникот Џо Бајден (77) како кандидат за американски претседател се истакнува со своите години и трагедиите коишто му го одбележале животот.
Во ноември 1972 година Џо Бајден го прослави изборот за американски сенатор, како петти најмлад во историјата, опкружен со среќното семејство. Еден месец подоцна, неговата сопруга и ќерката загинале во сообраќајна несреќа.
Таа трагедија, како и смртта на најстариот син во 2015 година, ја зголемиле неговата емпатичност. Сочувството го претворил во свој заштитен знак.
Сопругата на Џо Бајден, Неила и едногодишната ќерка Наоми, загинале во 1972 година, неколку денови пред Божик, а неговиот син Бо Бајден починал од тумор на мозокот во 2015 година. Често за тоа со тага зборува. Поради тоа не се кандидирал на претседателските избори во 2016 година.
Џо во вторникот го посетил гробот на својот син во Јужна Каролина. Тој починал на 47-годишна возраст од тумор на мозокот. Но, не е тоа единствениот член од неговото семејство чиј гроб го посетил Џо непосредно пред изборниот ден.
Бајден во 1966 година заршил правен факултет, а набрзо откако ја земал дипломата ја запросил својата долгогодишна девојка Неила Хантер. Се венчале истата година и го прошириле своето семејство со два сина, Бо и Хантер, а потоа и ќерката Наоми.
Сопругата му била најголема поддршка на Бајден додека ја градел политичката кариера и имале идиличен брак и семеен живот. Но во 1972 година во време на празниците доживеале голема трагедија.
Само една недела пред Божик, Неила тргнала на купување со своите син и ќерка, а додека биле во автомобилот во нив удрил камион. Сопругата и ќерката на Бајден починале на местото на несреќата, додека пак, неговиот син бил тешко повреден. Неила и Наоми се погребани на гробиштата во Гринвил, каде што Џо подоцна го погребал и својот син.
Претседателскиот кандидат немал многу време за тагување по луѓето коишто ги изгубил, затоа што морал да се посвети на своите синови, а три години по трагедијата тој повторно нашол верба и љубов.
Ја запознал сопругата Џил, со која што е во брак од 1977-та година. Таа му помогнала во растењето на неговите синови, а во 1981-та година ја добиле ќерката Ешли која што е социјален работник.
Синот Хантер (50) тргнал по стапките на својот татко, па завршил право и работи како адвокат.
Неговиот покоен син исто така завршил право.